Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ, Скопје, како проектен партнер, започна со реализацијата на серијата Обуки за тренери на Инсталатери на електрични инсталации, со вештини за имплементација на мерки за ЕЕ
Првиот Договорен состанок на пријавените кандидати се реализираше според следната
Агенда
Првиот Договорен состанок на кандидатите кои изразија интерес за вклучување во Обуките беше одлична можност, на едно место да се соберат група од репрезентативни и високо квалификувани кандидати, кои во рамки на својот професионален ангажман се длабоко навлезени во енергетската ефикасност, особено на електричните инсталации. Оттаму тие се солиден тим за вклучување во натамошната реализација на активностите во проектот, како спроведувањето на обуките на работниците и вклучување во спроведувањето на процесот на препознавање на претходните знаења и вештини на работниците, од енергетска ефикасност.
Изборот на учесниците, исто така отсликува и добра просторна застапеност на кандидатите од различни региони на Македонија, коешто пак гарантира одржливост на целата акција. Од особено значење е присутноста на учесници од различни компании, коишто се водечки во секторот на градежништвото и енергетската ефикасност. Групата кандидати ја сочинуваат претставници од градежни компании како:
Бетон-Штип, АДОРА Инженеринг, Жикол, City Build, Простор-проект, Via engeneering, потоа компании специјализирани за ЕЕ на инсталации и нивна автоматизација и контрола, како Link Solutions, Манасков ДООЕЛ, Електро Ме-на, Техно-бит, Баер ДОО, како и претставници од јавниот сектор: општина Карпош, општина Чаир, Градежен институт Македонија, повеќе средни стручни училишта од републиката, државни институции и други претпријатија, меѓу кои и енергетските гиганти како АД ЕЛЕМ, ФЕНИ Индустри АД Кавадарци и Мермерниот комбинат Ад Прилеп.
Активност во рамките на проектот BUILD UP Skills BEET – Builders’ Energy Efficiency Training
Датум: 22. 04. 2015
Траење: 17,00-19,00
Место:Факултет за електротехника и информациски технологии
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.