Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти.
Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf) се дефинирани како приоритетни.
Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА)
на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност
на градежните работници
и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини
за енергетска ефикасност за следните занимања:
фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации
I) Предмет на повикот
Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници:
Напомена:
Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – BEET.
II) Услови за пријавување
Кандидатите треба да имаат завршено:
III) Процес на препознавање на вештините
Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.
IV) Резултати/придобивки од обуките
Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање.
Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ.
V) Постапка на пријавување
þ Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса:
контакт лица:
Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084
Симона Ристоска, тел: 02/3244-067
контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391
контакт адреса:
Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје
контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161
Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170
контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903
þ Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени региони во Република Македонија, или
þ Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија,
ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија,
ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.
Контакт лица:
Ивона Каранфоловска
Телефон: +389 2 324 4084
Е-адреса:: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Симона Ристоска
Телефон: +389 2 3244 067
Е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
1) ПРИЈАВЕН ЛИСТ | ![]() |
2) ИЗЈАВА | ![]() |
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.