Во периодот 02.04-30.04 2015г. се одржаа обуки со 30 избрани кандидати за тренери за инсталатери на системи за греење, ладење и вентилација со вештини за имплементација на мерки за енергетска ефикасност. Обуките се одржаа под координација на ЗБК Креација Скопје,а беа реализирани со инструкторите:Живко Димов, Ристо Иванов, Жанина Стаменкова и Лазар Гечевски. Организацијата и логистиката на обуките на трите групи тренери беше од страна на компанијата Дарваге, Скопје.
Обуката на кандидатите беше структирирана во три целини: стекнување на вештини за спроведување на обуките за инсталатерите за греење, ладење и вентилација (ГЛИ); запознавање со вештините за енергетска ефикасност што се надградуваат на постојното занимање инсталатер за ГЛВ и оценување на вештините на кандидатите за стекнување на Цертификат за нагрдаеното занимање Инсталатер за греење, ладење и вентилација со вештини за ЕЕ.
Кандидатите беа запознаени со Волонтерските тренинг шеми за стекнување на вештини за енергетска ефикасност и постапките за нивно реализирање во рамки на проектот „Обука на градежни работници за енергетска ефикасност”- Build Up Skills BEET, кој се спроведува во преиодот јули 2014-март 2016 година.
Обуката беше фокусирана на потребните тренерски вештини, формите на обука, изработените прирачници за реализирање на обуките и методите на реализирање на обуките за инсталатери, теоретскиот и практичниот дел.
Содржина на обуката:
- Теоретско и практично знаење за енергетска ефикасност за занимањето инсталатер за греење, ладење и вентилација
- Пристапот во стекнување на вештини преку 10 дневни обуки и преку Моделот на препознавање на претходно учење
- Дидактички упатства за водење на обуки и улогата на тренерите во проектот,
- Оценување на вештините за енергетска ефикасност
Со за вршување на практичниот дел од обуката кандидатите ќе се стекнат со сертификат за тренер и оценување на портфолио на кандидатот за препознавање на претходното учење. Нивнот вклучување во проектот ќе биде во пеирдото јуни-декмеври 2015 година/
Тренерите се претставници од компании и институции од различни градови Македонија и тоа :ТемонДООЕЛ Скопје, Општина Карпош Скопје, Линк Солушнс Скопје, МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија, Манасков ДООЕЛ Скопје, Стопанска комора на Македонија,Сковин АД Скопје, Простор-Проект-Брдароски ДООЕЛ Скопје, Електропанел Скопје, ДГТУ „Мобил-Ел“ ДООЕЛ Скопје, Совет за јавни набавки на РМ, АД ЕЛЕМ Подружница Енергетика, Инвенсис ДООЕЛ Скопје, Силвер Стар лтд ДООЕЛ Скопје, Скопски Пазар Скопје, Ипсе Клима Кочани, Термал Комфорт ДООЕЛ Гостивар, СОУ Киро Спанџов Брко Кавадарци, ЈИЕ Универзитет Институт за животна средина и здравје Тетово, Стил Боби ДООЕЛ БИТОЛА, Мермерен Комбинат АД Прилеп, Етасун Енерџи Велес, Еуротест ДОО Скопје, ЕКИ Инженеринг Кичево, Адора Инженеринг Скопје.
Датум: 4 Мај 2015г.
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.