Во тек е реализацијата на обуката на фасадери со вештини за енергетска ефикасност во рамки на Проектот BUILD UP Skills – BEET - КАНДИДАТИТЕ ЌЕ СЕ СТЕКНАТ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ТРЕНЕР
Стопанската комора на Македонија, Скопје, како координатор на проектот БЕЕТ – “Обука за градежни работници за енергетска ефикасност”, отпочна со реализација на 4 обуки за тренери на фасадери, со вештини за имплементација на мерките за енергетска ефикасност на згради (ЕЕ) во месец Април 2015 година.
Секоја обука е со времетраење од 10 дена и содржи теоретски и практичен дел и проверка на стекнатите знаења – испит.
Целта е да се обучат околу 200 лица во Република Македонија како сертифицирани тренери кои по завршувањето на обуките ќе можат да аплицираат за вклучување во следните фази од Проектот, како тренери на Пилот-обуките за работници или оценувачи во процесот на препознавање на претходните знаења и вештини.
За постигнување на целите на Европската унија до 2020 година и за зголемување на конкурентноста на македонскиот градежен сектор, потребно е преку образование и обука во областа на енергетската ефикасност да бидат обезбедени едуцирани инженери и работници.
Групата кандидати ја сочинуваат претставници од градежни компании како:
Бетон–Скопје, Бетон-Штип, Адора Инженеринг, Жикол, City Build, Простор-проект, Виа Енжинеринг, Комерцијална Банка АД Скопје, Бортас, Радо Инженеринг, Дебој Инженеринг, Матески, Скопски пазар, Еко Делта, Градба инженеринг 2002, Линк солушнс, Манасков, Ди Вентура, Еуропроект, Мобил-Ел, Делтапроект, Архинова, Анри Дизајн, Стил Боби, Атеље Век, Идеа-Консалтинг, Студио Хаџиевии, Сковин, Ди-Ма Инжинеринг, Етасун енерги, Контролекс Системи, Еркоминженеринг, Титан Градба, како и претставници од јавниот сектор: Општина Карпош, општина Чаир, Општина Гази Баба, Агенција за вработување, Совет за јавни набавки на РМ, Локална самоуправа, Неготино и ССОУ „Коле Неделковски ".
Со успешно завршување на обуките кандидатите ќе се стекнат со сертификат за тренер, за обука на работници за вештини за енергетска ефикасност на згради на определеното занимање.
Сертификатите ќе им бидат издадени од страна на Сертификационото тело во рамките на Проектот.
Дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните.
Датум: Април 2015 година
Траење: 10.00-16.00
Место: Стопанска комора на Македонија
Слики од обуката
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.