Како дел од потпрограмата Интелигентна енергија, во рамките на Европската програма за конкурентност и иновативност отпочнува спроведувањето на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ – (BUILD UP Skills - Builders' Energy Efficiency Training - BEET).
Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент на обука и едукација на работниците во градежните сектор, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор.
Официјалното започнување на Проектот (Kick of meeting) се одржа на 8 октомври 2014 во 12:00 часот, сала 4 на 5-ти кат, во Стопанската комора на Македонија.
Презентација на Јадранка Аризанковска - Стопанска Комора на Македонија
Проектен координатор
Презентација на Д-р Ристо Иванов - КРЕАЦИЈА
Презентација на Проф. д-р Христина Спасевска - Факултет за електротехника и информациски технологии
Кофинансиран од програмата Интелегентна Енергија на Европската Унија
Одговорност
Одговорноста за содржината на оваа веб страница ја преземаат исклучиво нејзините автори и проектни партнери. Содржините и информациите
на веб страната во никој случај не смее да се сфати, дека ги одразуваат службените ставови на Европската Унија. ЕАСМЕ и Европската комисија
не преземаат одговорност за било какво користење на ифомациите содржани на веб страната.